Светска Банка додели Грант за успешност на Општина Карпош

Објавено: 29 август 2019 - 08:55

Со овие средства општината ќе набави нови возила и механизација кои ќе ги подобрат условите и хигиената на територијата на локалната самоуправа, но и ќе им овозможат на вработените полесно справување со проблематичните ситуации за време на зимските денови.

Општина Карпош доби неповратни 75.000 евра од Светска банка како „грант за успешност" на претходно реализираниот заем за реконструкција на повеќе улици и изградба на атмосферска канализација.

Од општината соопштија дека станува збор за грант кој изнесува 10 отсто од вкупно искористениот заем.

Овие средства општината ќе ги инвестира за набавка на две цистерни за миење на улиците низ Карпош, еден кипер со плуг за расчистување на снегот и мразот во зимски услови и со распрскувач на сол, како и една машина за чистење на плоштадите и платоата низ територијата на локалната самоуправа, односно рачен вшмукувач на лисја и поситен отпад од јавните површини.

Одлуката за ваквиот начин на искористување на најновиот грант од Светска банка  претходно ја одобрија сите советници од Советот на Општина Карпош.

Сподели ја веста

Последни содржини