СВР Тетово: 300 евра казна за оние кои ќе оштетат или изменат сообраќаен знак

Објавено: 11 септември 2019 - 12:25

Секторот за внатрешни работи Тетово апелира да не се оштетуваат сообраќајните знаци или самоволно да се менува нивното значење, бидејќи за вкупната безбедност на патиштата мошне значајна е сообраќајната сигнализација, хоризонтална и вертикална, и пред се знаците.

Забрането е на столбовите на сообраќајните знаци да се поставуваат други елементи, кои немаат врска со значењето на знакот ( член 190 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата ).
Секое оштетување на сообраќајните знаци претставува законски прекршок за кој е предвидена парична глоба од 300 евра, додека глобата за правното лице кое е задолжено за одржување на знаците изнесува 2000 евра.
Секторот за внатрешни работи Тетово без исклучок ќе ги санкционира ваквите прекршоци, со цел да се овозможи непречено функционирање на поставената сообраќајна сигнализација, како елементарно битен предуслов за нормално и безбедно движење на сите учесници.

Дали ова соопштение има врска со неодамнешното поставување на табли со еколошки пораки во Тетово од страна на група активисти?

„Добредојдовте во Тетово, градот во кој на никому не му е гајле на ништо”, е една од пораките која денеска осамна на табла на влезот на градот. Преку поставување на табли низ целиот град, граѓанските активисти упатија повеќе пораки до локалната самоуправа и се пожалија како што велат за расфрланото ѓубре на сите страни, дупките на патиштата, сообраќајниот хаос, недостатокот на јавен презвоз и многу други проблеми со кои тетовчани секојдевно се соочуваат.

 

Сподели ја веста

Последни содржини