Тетовскиот регион е спој на Сицилија и Тексас

Објавено: 04 јануари 2018 - 13:47

Секојдневно сме сведоци на огромен број прекршувања на законот во Тетовскиот регион. Нелегални кладилници и казина, стриптиз барови, кражби како од филмовите, милијарда сообраќајни незгоди... Полицискиот билтен е преполн скоро секој ден. Зошто е тоа така?

Ноќта помеѓу втори и третти овој месец, засега непознати сторители извршиле тешка кражба во продавницата „Пластичара“, лоцирана на улица „Илинденска“ во Тетово, сопственост на 45- годишниот тетовец А.З. Откако насилно ја отвориле влезната врата од објектот, влегле внатре и од касата одзеле 6000 денари во разни апоени, рачен
часовник и метален сеф, кој се наоѓал под работната маса. Во сефот имало 60 илјади денари и пиштол „Турус“, калибар 9 милиметри, а кој А.З. го поседувал со дозвола.
По извршениот увид се работи на расветлување на пријавеното и откривање на сторителите.
....
Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово, вчера ( 3 декември ) околу 17 часот, извршиле контрола и увид во локал-нелегална спортска обложувалница во тетовска Мала Речица, сопственост на 19-годишниот Г.Х.
Во објектот биле затекнати двајца вработени, Р.Н.( 26 ) и М.Ш.( 24 ) од Мала Речица, а со потврда се одземени: 7 телевизори, 4 компјутери, исто толку монитори, 3 принтери, 1 апарат за игри со кучиња одредена сума парични средства.

По расчистување на сите поединости, ќе следува соодветен поднесок.
....

Вчера ( 3 декември ) околу 18 часот, на автопатот Тетово-Гостивар, близу километар и пол пред клучката за тетовското село Камењане, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички возила: „Опел корса “ со тетовски регистерски таблици, управувано од 37-годишниот В.С. од Урвич и „Форд куга“ со швајцарски таблици, што го управувала 42-годишната Л.О. од Кичево.
Во несреќата, возачот на „Корсата“ и неговата 32-годишната сопруга Е.С. задобиле тешки телесни повреди, од кои Е.С. набрзо починала во тетовската клиничка болница, додека по укажаната лекарска помош, В.С. префрлен е на скопските клиники.
Покрај двајцата сопружници, но со телесни повреди, завршиле и пет сопатници во „Корсата“ на возраст од 2, 6 и три женски лица на возраст од 20 години кои, исто така, со медицинско возило биле пренесени во тетовската клиничка болница, укажана им е помош и тие се пуштени на домашно лекување.
По судирот, инаку двете возила излетале од коловозот и оштетиле 30-тина метри од заштитната жичана ограда покрај автопатот.
Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле комплетен увид на местото на несреќата и се работи на утврдување на причината и другите поединости поврзани со истата.
Десетина минути подоцна, речиси на истото место, но од спротивната страна на автопатот Гостивар-Тетово, се случила друга сообраќајна несреќа со учество на патничко возило „Лада нива“ со тетовски таблици, управувано од 27-годишниот Р.Џ. од Тетово и пешак М.Н.( 64 ) од Камењане.
Со тешки телесни повреди што ги задобил од удирањето, а по укажаната помош во тетовската болница, пешакот М.Н. пренесен е и задржан на скопските клиники, додека возачот бил пуштен на домашно лекување.
И на местото на оваа сообраќајна несреќа, увид извршиле јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

Минатиот месец ( декември ), на поширокото тетовско подрачје вкупно регистрирани се 93 сообраќајни несреќи или 31 повеќе во споредба со истиот период лани.
Една од декемвриските несреќи завршила со 1 загинато лице, наспроти ланските 2 човечки жртви, 8 лица задобиле тешки, 74 лесни телесни повреди, додека во 54 била причинета e само материјална штета, која вкупно се проценува на 4 милиони и 350 илјади денари.
Најголемиот број од несреќите се случиле на тетовските улици ( 41 ) и пред се на „Илинденска“, Видоја Смилевски Бато“ и „Маршал Тито“, потоа на автопатот Гостивар-Тетово- Скопје и регионалните патишта кон Пирок и Волковија.
Најчеста причина за несреќите и особено за оние со најтешки последици, повторно е неприлагодена брзина, односно пребрзо возење ( 27 ), потоа непочитување првенство, неправилно вршење дејствие и така натаму. Најмногу несреќи се случиле во четврток ( 18 ), претежно во периодот од 12 до 14 часот.Во овој месец, исто така, се случиле 18
излегувања од коловоз, во 10 непосредни учесници биле пешаци, а 11 биле предизвикани од животни, претежно од кучиња-бездомници, најчесто како последица на необезбеден коловоз и нивно неконтролирано движење по автопатот, особено во доцните вечерни и раните утрински часови.
Во декември лани, вкупно контролиорани се 4135 возила, од кои 1505 биле неисправни.Станува збор за различни видови неисправност, поради што исклучено од сообраќај е 101 возило, како и 124 возачи кои управувале без положен возачки испит, 105 возачи-почетници и 9 возачи со важечка забрана за управување.
Откриените прекршоци минатиот месец заокружени, односно санкционирани се со 719 мандатни и 381 прекршочен платен налог, а поради непрописно паркирање подигнати се 197 возила.

Секторот за внатрешни работи Тетово.

Сподели ја веста

Последни содржини