Успешна иницијативата на Војводи под мотото: "ПОД ЕДНО ИМЕ И ЕДНО ЗНАМЕ"

Објавено: 18 април 2018 - 12:49

На 15.04.2018 година (недела), во Тетово, гостуваа претставници од повеќе навивачки групи од Македонија на средбата која го означи почетокот на иницијативата за обединување на навивачите, под мотото "Под едно име и едно знаме".

"Навивачката група Војводи Тетово уште од октомври 2017 година почна  со иницијативата за обединување на сите навивачки групи - „ПОД ЕДНО ИМЕ И ЕДНО ЗНАМЕ“.
Целта на оваа иницијатива е организирано и здружено бодрење на македонските репрезентации во фудбал, кошарка и ракомет. 

Во рамките на оваа иницијатива беа посетени навивачките групи: 

  • Ѓаволи - Кичево, Рибари - Охрид,
  • Гемиџии - Велес,
  • Мајмуни - Прилер,
  • Винари - Неготино,
  • Ултра банда 141 - Штип,
  • Сејмени - Кочани,
  • Лебари - Радовиш,
  • Ајдуци - Струмица,
  • Фантоми - Гевгелија и
  • Пирати - Скопје,

кои притоа дадоа поддршка и активно учество во иницијативата. Исто така, посетени и други навивачки групи кои дадоа поддршка на оваа иницијатива, меѓутоа од одправдани причини моментално не можат да дадат активно учество во планираните активности. Меѓу нив се Кумани - Куманово, Комити - Скопје и Фемили Аеродром - Скопје.

Со навивачките групи Чкембари - Битола, Лозари - Кавадарци и Сити Парк Бојс - Скопје е стапено во контакт, но не е остварена средба.

Оваа иницијатива е отворена за сите навивачки групи кои сакаат да учествуваат во истата. Следните активности ќе се одлучуваат на главно собрание, кое истото ќе се одржи во Тетово. Датумот дополнително ќе биде утврден."- стои во официјалното соопштение на навивачката група Војводи.

 

Сподели ја веста

Последни содржини