Видео: Срамот од Ѓорче стигна и до светските медиуми

Објавено: 24 февруари 2020 - 09:30

Потегот кој го направи фудбалерот на Акдемија Пандев, Стефан Костов на мечот против Ѓорче Петров се шири како вирус низ светот, сите ни се смеат.

Стефан Костов на синоќешниот меч против Македонија Ѓорче Петров направи срамен потег откако со топка во рака трчаше по противничкиот фудбалер и кога не можеше да го стигне ја фрли топката за да ја прекине акцијата. Невиден случај до сега, доби директен црвен картон, а тој и неговите соиграчи дури имаа и доблест да се бунат на судиската одлука.

Циркузот од Ѓорче Петров синоќа беше актуелен во Македонија, на Балканот, а преку „редит“ почна да се шири насекаде во светот. И шпанскиот медиумски гигант „АС“ го објави видеото и напиша: „Прва лига во Македонија: Една од најголемите глупости некогаш видени на еден фудбалски терен“.

 

 

Сподели ја веста

Последни содржини