Високи цени на зеленчукот: Здравата исхрана е луксуз во Македонија

Објавено: 17 февруари 2020 - 10:00

Зеленчукот стана луксуз со нашите плати и пензии. Не можеме да си дозволиле да се храниме здраво, кога цените се премногу високи. 

Цената на килограм краставици се движи од 150 до 200 денари за килограм, на доматите од 120 до 150 денари, а на пиперот од 150 денари па нагоре. Иако цената на пазарите е малку пониска од оние во маркетите, сепак производителите и продавачите на зелените пазари велат дека производството на градинарските култури под пластеници е поскапо отколку на отворено, односно дека цените на зеленчукот се високи, бидејќи цените на репроматеријали се највисоки во регионот, а можеби и во Европа, но и оти голем дел од раниот зеленчук што се продава на пазарите и во маркетите е увезен од Грција, Турција и Албанија.

Намалена цена на зеленчукот се очекува кога времето ќе затопли, а земјоделците го користат овој период од годината кога вообичаено цените на зеленчукот се високи да заработат нешто. На крајот на сезоната цените се многу пониски, а и голем дел од зеленчукот пропаѓа поради топлото време.

Сподели ја веста

Последни содржини