Вработен во Пошта во Тетово со години си ја земал пензијата на починатата сопруга

Објавено: 20 февруари 2020 - 08:17

Вработен во Македонски пошти во Тетово, од селото Вејце, со години ја земал пензијата од почината жена, без за тоа да ги извести и нејзините блиски и Фондот за Пензиско, и на тој начин „лапнал“ дури четири илјади евра. 

МВР го откриле, откако синот на починатата жена, кој во Фондот за пензиско бил повикан за да однесе документи за продолжување на пензијата на неговата мајка, кажал дека таа е почината уште во 2013 година. 

МВР го притиснале вработениот во Пошта, и тој го признал делото.

„СВР Тетово поднесе кривична пријава против С.М.(45) од с.Вејце, тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во март 2019, К.Ф.(53) од с.Вејце,тетовско, бил повикан во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и му биле побарани документи за продолжување на пензија на неговата мајка, на што тој кажал дека неговата мајка е почината во 2013 и дека не знаел дека требало да пријави во Фондот. Исто така, од Фондот го информирале дека на име на неговата мајка од 2013 до 31.01.2018 од Фондот биле исплатени 247.836 денари, за кои кажал дека тој не ги подигнал. Притоа, од Фондот му бил издаден листинг со кој извршил проверка во Македонска пошта во Тетово, при што било утврдено дека пријавениот ги подигнал паричните средства на име на мајката на оштетениот“, се вели во соопштението од МВР.

С.М., како што велат од Полицијата, потоа признал дека го сторил кривичното дело. 

Сподели ја веста

Последни содржини