Заев: Комплетирана нашата лична карта во Обединетите нации

Објавено: 27 септември 2019 - 10:07

На пленарната сесија на 74. Генерално Собрание на Обединетите нации во Њујорк премиерот Зоран Заев имаше свое обраќање во кое на почетокот на македонски јазик изјави дека за прв пат откако нашата земја е членка на организацијата, се обратил како шеф на делегацијата на Владата на Република Северна Македонија.

Тој истакна дека тоа е резултат на Спогодбата од Преспа со што се реши 27- годишната разлика со Грција за името на земјата како прашање кое ја оддалечи земјата од нејзиниот напредок во евро-атлантските интеграции.

„Денес имаме само придонеси од решената разлика. Конечно ја комплетиравме нашата лична карта во ОН. Покрај името Република Северна Македонија, за јазик стои: македонски јазик, а за државјанство: македонско/граѓанин на Република Северна Македонија. Сега имаме исклучително добри односи со Грција, и со тоа придонесовме да зајакне регионалната стабилност и да се поттикне развојот на Западен Балкан“, посочи премиерот Заев на говорницата во ОН.

Тој додаде дека Спогодбата од Преспа, како и Договорот за пријателство со Бугарија го забрзало интегрирањето во НАТО и ги отстранило пречките за интеграција во ЕУ.

„Веруваме дека Спогодбата од Преспа е вистински пример за моќта на дипломатијата и дијалогот и дека е корисен пример за многу други отворени прашања“, потенцира Заев.

Во продолжение целото видео од обраќањето на премиерот Зоран Заев:

 

Сподели ја веста

Последни содржини