Започна со работа првиот Retail Park во Македонија

Објавено: 19 јули 2019 - 13:41

Скопје официјално го доби првиот трговски парк на периферијата на градот, по примерот на европските метрополи.

„Поинт ретаил парк“ е прв ваков тип на шопинг центар во Скопје, лоциран во општината Бутел, на местото на некогашната фабрика Типо и е позициониран на достапна локација, помеѓу два булевара кои се стратешка комуникациска точка помеѓу скопските населби Центар, Карпош, Бутел и Чаир.

Вкупната инвестиција на компанијата Али Тобако во овој шопинг центар изнесува девет милиони евра, отворени се и 200 нови работни места. Во Point Retail Park ќе има голем број на познати домашни и странски брендови кои имаат што да понудат. Според Влатко Богоевски, генерален директор на Фортон МКА/ Cushman & Wakefield, која е екслузивен лизинг агент на Point Retail Park интересот од брендовите бил огромен уште од самиот почеток.

Според градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски, оваа инвестиција ќе ја позиционира Општинaта на едно повисоко ниво. Во рамките на свеченото отвoрање на POINT Retail Park во Скопје, еден од најголемите синџири на ресторани, KFC,го отвори својот прв „drive thru“ ресторан во Македонија.

Меѓу брендовите кои уште од самиот почеток привлекоа голем интерес кај потрошувачите е и Нептун,најголемиот малопродажен ланец за бела техника и електроника во Македонија , овозможувајќи големи поволности и попусти за купувачите.

Сподели ја веста

Последни содржини