Зголемување на цените на горивата во Македонија

Објавено: 10 January 2018 - 00:52

Цената на дизелот се зголемува за уште денар, па литар ќе се продава за 59,5 денари. Цената на бензинот од 95 октани останува непроменета, но, 98-октанскиот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар.

Ново поскапување на горивата од полноќ- цената на дизелот се зголемува за уште денар, па литар ќе се продава за 59,5 денари. Цената на бензинот од 95 октани останува непроменета, но, 98-октанскиот и екстра лесното масло за домаќинство поскапуваат за половина денар.

Па така, Евросупер БС-98 ќе се продава за 68,5 денари за литар, а новата цена на маслото за домаќинство изнесува 48 денари. Поскапува и мазутот.

Во просек, малопродажните цени се зголемени за 1,23 проценти, како резултат на поскапата нафта на светските берзи. Курсот на денарот во однос на доларот бил понизок.

Сподели ја веста

Последни содржини