Дали Instagram ќе го скрие бројот на „лајкови“?

Објавено: 22 април 2019 - 09:37

Instagram можеби тестира функционалност за криење на бројот на „лајкови“ на фотографиите на корисникот, за да можат следбениците да се фокусираат на содржината.

Таков режим бил откриен од Џејн Вонг, која вели дека само лицето кое ја објавило фотографијата, може да види колку „лајкови“ има на неа.

И покрај присуството на таква функционалност во апликацискиот код, Instagram забележа пред The Verge дека во моментов такво нешто не се тестира.

Сепак, компанијата вели дека тие бараат начини за намалување на притисокот врз корисниците кој можеби ја создава платформата.

Детали за тестот се појавуваат само неколку дена по препорака од страна на канцеларијата на Британскиот информативен комесар кон социјалните медиуми за додавање на опцијата за исклучување на системот за „лајкови“ како начин за одбрана на безбедноста и приватноста на најмладите корисници.

Системот за „лајкови“ може да биде деморализирачки или да промовира постојана активност и објавување на нови содржини во потрага по повеќе „лајкови“.

Сподели ја веста

Последни содржини