Facebook на 18 јуни ќе претстави сопствена криптовалута

Објавено: 10 јуни 2019 - 08:24

Познато е дека Facebook веќе некое време прави тестови со сопствена криптовалутa. Желбата на компанијата да влезе во овој релативно нов сегмент од пазарот е доста интересна. Проектот е веќе во завршна фаза, бидејќи официјалното претставување на криптовалутата ќе биде на 18 јуни.

Името на валутата ќе биде Libra, а Facebook се надева дека ќе привлече голем интерес кај инвеститорите и ќе успее да ја поврзе криптовалутата со неколку реални валути.

Ова ќе обезбеди да нема драстични промени во вредноста на криптовалутата, како на пример што се случува со биткоинот. Претставувањето на Libra може да започне и нова ера во онлајн шопингот и вршењето на мобилните плаќања на социјалната мрежа.

Отстранувањето на надоместоците при вршењето на трансакции со кредитни картички исто така ќе биде во корист на употребата на криптотовалута. Facebook соопшти дека за нивните планови веќе преговара со голем број водечки брендови

Сподели ја веста

Последни содржини