GoPro продолжува да тоне. Се откажаа и од своите дронови

Објавено: 10 January 2018 - 00:35

По отпуштањата минатата недела, GoPro денес достави втор круг финансиски извештаи за својот квартален профит и објави дека го намалува развојот на беспилотни летала, односно дронови.

Приходите се погрешно проценети, со голема разлика. Компанијата очекувала приходи од 470 милиони долари во четвртиот квартал, но приходот изнесувал само 340 милиони долари.

Приходите постојано се намалуваат во текот на годината, при што секој квартал навидум е полош од последниот.

Компанијата направи некои напори за зголемување на продажбата. Таа ги намали цените на своите Hero5 и Hero6 камери за 100 долари во декември. Ник Вудман, ентузијастичкиот извршен директор на компанијата, го намалува својот надоместок до 1 $ за 2018 година. Исто така постои и можност дека GoPro ќе биде продаден на приватна компанија. Компанијата го ангажираше JPMorgan за олеснување на продажбата. Не знаеме дали постои потенцијален купувач и кој би можел да биде тој.

Збогум Карма
За сега, сепак, ќе се збогува со беспилотните летала. Кармата ќе остане на продажба се додека не остане ништо на залиха. Тоа значи дека нема да видиме Карма 2. Компанијата ги наведува тесните маргини и непријателските прописи како причини. Сепак ќе продочжи да дава услуги на сите кои до сега купиле дрон.

Штета е. Кармата, 798,98 американски долари на Амазон, претрпе некои проблеми во својата прва генерација. Првата производна линија имаше проблеми со батеријата, што би предизвикало беспилотните летала да се испразнат и да се срушат. GoPro брзо ги повлече дроновите и го исправи проблемот.

Другите генерации имаа проблем со екранот, краткото време на лет и немаа сензор за одбегнување на пречки. Дополнителен проблем беше и нискиот рејтинг и фактот дека Кармата не е водечка во класата. 

Акциите кои некогаш беа нешто околу 100 долари по акција, денес се продаваат за околу 6 долари. Во иднина експертите не предвидуваат дека компанијата ќе си го врати приматот. Напротив, може да продолжи како прочистена компанија, за некој помал пазар.

Сподели ја веста

Последни содржини