Гугл може да ве направи милионер преку ноќ

Објавено: 31 јануари 2020 - 14:03

Гугл минатата година плати повеќе од 6 милиони американски долари на хакерите кои откриваат безбедносни нарушувања или попознати во хакерскиот свет како „багови”.

Една од најголемите светски компании во 2019 година исплати многу големи суми на пари на луѓето кои откриле грешки во безбедносниот код, па така вкупно 461 хакери собрале бонус за својата работа во вкупен износ од 6,5 милиони американски долари во рамки на програмата „Vulnerability Reward Program“, при што најголемата поединечна исплата е 201.000 американски долари.

Од Гугл велат дека за откривање грешки минатата година платиле двојно повеќе пари во однос на 2018 година. Компанијата најмногу пари потрошила на програмата „Vulnerability Reward Program” (вкупно 2,1 милиони), потоа на Андроид (1,9 милиони), Google Chrome (еден милион) и Google Play (800.000 долари), пренесува „SEEbiz“.

Износот на награди за потенцијални грешки што треба да ги откријат хакерите во 2020 година, повторно ќе се зголеми, а највпечатлива е наградата за пронаоѓање грешки што овозможува далечинско спроведување на кодот да влијае на безбедносниот чип на Titan M во телефоните со пиксели, бидејќи изнесува ни помалку ни повеќе туку точно еден милион долари.

Со други зборови, ако први ја откриете безбедносната грешка кај Titan M, можете да станете милионер преку ноќ.

Сподели ја веста

Последни содржини