Новиот Volkswagen T-Roc наскоро во салонот на Centrum Co.

Објавено: 07 декември 2017 - 05:56

Цените добар дизајн и самостојност? Самоуверениот T-Roc се истакнува со неговиот експресивен Crossover дизајн и неговите многубројни можности за индивидуализација.

Зад Вас оставете впечаток кој трае. Радувајте се на експресивниот дизајн, многубројните можности за индивидуализација и висококвалитетната обработка до најмал детаљ: T-Roc знае како да импресионира.

Добијте повеќе од секое возење. Искористете го времето во Вашиот T-Roc. Модерниот Инфотејнмент систем во T-Roc Ви ги прикажува најактуелните информации, Ви овозможува да телефонирате преку уредот за разговор со слободни раце или ги репродуцира Вашите омилени песни и Ве носи до целта. А доколку сакате, благодарение на говорното користење го слуша дури и секој Ваш збор.

Избегнете непотребен стрес. Дури и ако сте навикнати сами да се справувате со стресот: T-Roc може да Ви помогне во многу ситуации. Во најдобар случај, неговите системи за помош можат дури и да избегнуваат незгоди.

Опционалниот "Blind Spot" сензор со систем за помош при излегување од место за паркирање за време на возењето во рамките на системот Ве предупредува за возила во мртов агол. При излегување од место за паркирање наназад ја набљудува областа странично и зад Вашето возило.

 

 

Сподели ја веста

Последни содржини