Прочитајте кои се првите корисници на Фејсбук

Објавено: 05 февруари 2020 - 08:32

Секој корисник на „Фејсбук“ има идентификациски број кој се добива при регистрирањето. 

Интересно е тоа што Марк Закерберг не е под идентификацискиот број 1. Имено, првите три броја биле наменети за тестирање, оставајќи го Закерберг на четвртото место.

Броевите 5 и 6 биле наменети за неговите соработници и коосновачи - Крис Хјуџес и Дастин Московиц.

Хјуџес и Московиц ја напуштиле компанијата во 2008 година. Хјуџес бил првиот портпарол на „Фејсбук“, а по заминувањето во 2008 година ја водел онлајн-кампањата на Барак Обама.

Еден од коосновачите бил и Едуардо Саверин, но неговиот ID е 41, што не е ни близу првите корисници.

Меѓу првите корисници на „Фејсбук“ стојат имињата на тогашниот цимер на Закерберг, Ари Хасит, и неговиот колега од факултет Ендрју Меколум, кој е заслужен за првото лого на „Фејсбук“.

Интересно е тоа што меѓу првите корисници е и Крис Путнам, кој во 2005 година го заразил „Фејсбук“ со „црв“ кој направил да изгледа како „My Space“. Наместо да повика полиција, Закерберг му понудил работа.

Сподели ја веста

Последни содржини