Решение за сите оние кои се срамат да зборуваат на странски јазик!

Објавено: 19 февруари 2020 - 13:46

Според најновата студија којашто била спроведена од истражувачи на Универзитетот на Ливерпул, Мастрихт Универзитетот и Кралскиот Колеџ во Лондон, способноста да зборувате странски јазик се подобрува после консумација на алкохол.

Познато е дека алкохолот ја зголемува самодовербата, ја намалува анксиозноста и ги намалува инхибициите, што значи дека полесно се надминува нервозата и колебањето кога треба да комуницирате со друга личност.

Во експериментот биле вклучени 50 Германци коишто неодамна научиле холандски.

Испитаниците биле поделени по случаен избор во две групи, едната умерено консумирала алкохол, а другата не консумирала. Потоа им била дадена задача да започнат 2 минутен разговор со испитувач Холанѓанин.

Потоа разговорите биле снимани и оценувани од Холанѓани кои не знаеле дека дел од испитаниците консумирале алкохол.

Според оцените на Холанѓаните, испитаниците кои консумирале алкохол биле „потечни“ во разговорот, а особено во изговорот на странските зборови, за разлика од оние кои не консумирале алкохол.

Авторите на оваа студија нагласиле дека студијата е спроведена со сосема мала количина на консумиран алкохол, бидејќи поголема количина би имала спротивен резултат.

Сподели ја веста

Последни содржини