Самсунг офанзива: 6 милиони телефони на преклоп во 2020 година

Објавено: 08 November 2019 - 10:58

По претставувањето на првиот модел на мобилен телефон на преклоп „Самсунг Галакси Фолд“, јужнокорејската компанија најави дека ќе испорача на пазарот шест милиони вакви модели во 2020 година. 

Технолошкиот гигант планира да спроведе офанзива и тоа токму поради побарувачката на вакви мобилни телефони.

Според гласините кои кружат на интернет, можно е Самсунг да претстави уште еден модел на телефон на преклоп и дека со овие модели не само што ќе доминира на кинескиот пазар, туку ќе се обиде да биде дел и од глобалниот пазар. 

Сподели ја веста

Последни содржини