Скајп доби нова веб верзија

Објавено: 12 март 2019 - 13:53

Една од најголемите новости во светот на технологијата е тоа што од сега популарниот Скајп може да го користите и преку пребарувачите Google Chrome и Microsoft Edge.

Скајп малку заостануваше со иновациите, но неодамна направи редизајн и креираше многу иновативни алатки за корисниците.
Се повеќе од светските апликации денеска имаат веб верзија, па во ова се вклучува и Скајп. По многуте информации дека апликацијата Скајп е се послаба од порано пред се поради фактот дека многу други направија квалитетни видео повици и начини за допишување, можеби ова е еден начин да покажат дека не престануваат со апдејти на нивната платформа.
Налик на мобилните апликации како што се „What's up“ и „Viber“, така и Скајп сега ќе има галерија за секој контакт или група, каде ќе може да се сочувуваат фотографии или видеа споделени во текот на разговорот.
Засега нема поддршка од „Firefox“, „Safari“ и „Оpera“.

Сподели ја веста

Последни содржини