Viber воведе нова услуга

Објавено: 15 април 2019 - 08:35

Viber воведе нова услуга на мобилната апликација која ќе биде особено корисна за луѓето кои многу патуваат.

Опцијата Viber Local Number овозможува корисникот да избере локален телефонски број во земјата на престој и преку него да прима неограничен број телефонски повици и пораки по локални цени.

Во моментов е достапна само во САД, Канада и Велика Британија. Всушност, можат да ја користат сите корисници на Viber, но таа е достапна само со телефонски броеви од овие три земји. 

Компаниите кои работат на меѓународниот пазар, со таа услуга ќе можат да комуницираат со клиентите без трошоци за роаминг.

За првите 10.000 нови претплатници Вибер нуди промотивна цена од 1,99 евра месечно, додека стандардната претплата ќе изнесува 4,99 евра месечно.

Сподели ја веста

Последни содржини