Видео: Крадците на тркала од авмобили пред нов предизвик!

Објавено: 06 февруари 2020 - 14:57

Инженерите на Ford смислиле прилично интересно решение за да ги спречат крадците да украдат тркала од автомобили.

Дизајнирале специјални навртки за заклучување на тркалата кои се уникатни за секој корисник, а тие навртки, како и клучот за нивното отклучување, се засноваат на гласот на сопственикот на автомобилот и испечатени се преку 3Д печатач.

Навртките и клучот се отпечатени од нерѓосувачки челик во еден дел и само тогаш се одвоени, со што е невозможно копирање и клонирање на клучот, кој е достапен само за сопственикот на возилото. Во процесот на создавање на единствени навртки и клуч, не мора да се користи само саундтракот, туку на пр. и некој специфичен дизајн, иницијали на сопственикот на возилото, итн.

 

 

Сподели ја веста

Последни содржини