Видео: Запознајте го материјалот на иднината што е 200 пати посилен од челикот

Објавено: 18 февруари 2020 - 09:45

Графинот важи за материјал на иднината поради својата неверојатна сила и повеќенамеската употреба – истражувачи од Европа неодамна веќе ги објавија првите упатства за негово производство, објави Еуроњуз, а пренесе Б92.

Книгата во која се опишани начините на изработка на графинот ги составил конзорциумот на Графин Флегшип, кој го сочинуваат претставници на неколку универзитети и компании.

Конзорциумот, кој е основан во 2013 година, е еден од трите големи научни проекти кои ги финансира Европската унија, со буџет поголем од милијарда евра.

Овој тим на истражувачи се надева дека упатствата ќе им помогнат на идните произведувачи подобро да се запознаат со овој материјал кој би можел да воведе револуција во многу индустрии.

Графинот се состои од слој од атом на јаглерод кој се издвојува од графитот. Овој материјал, кој е потенок милиони пати од влакно, 200 пати е потврд од челик, потврд е од дијамант и спроведува електрицитет и топлина подобро од останатите материјали.

Тоа е опширна книга која опишува многу од начините за производство на графин, вели Мар Гарсија Ернандес, која учествувала во составувањето на прирачникот.

Флексибилноста и еластичноста на овој материјал се карактеристики поради кои тој може да биде корисен во многу индустрии, во аеронаутиката, во истражувањето на вселената, во медицината, во енергетската индустрија и во електрониката.

Графин Флегшип се „спријатели“ минатиот декември со големите европски фабрики за прототипите со графин да бидат практични употребени во нивните производи, пишува Еуроњуз.

 

 

Сподели ја веста

Последни содржини