Дедо Мраз дојде во ОК Те-Волеј

Објавено: 28 декември 2018 - 17:23

Празниците носат празнична атмосфера, а токму пред Нова Година Дедо Мраз дојде и во одбојкарскиот клуб "Те-Волеј". 

Празнична атмосфера во ОК "ТЕ-Волеј" Тетово.

 Нашиот омилен одбојкарски клуб ОК "ТЕ-Волеј" Тетово го одржа последниот тренинг за оваа година во духот на празниците. Членовите на клубот имаа можност заедно да го прослават крајот на оваа година со традиционалното доделување на новогодишни пакетчиња. 

„Помина уште една спортска година во нашиот клуб, исполнета со многу напорна работа и многу насмевки. Со гордост може да кажеме  дека постигнавме голем напредок и сме чекор поблиску до формирање на нова натпреварувачка екипа. Годината што полека ни изминува симболично ја одбележавме со традиционалното доделување на новогодишни пакетчиња. Си посакавме среќни и весели празници и уште од сега го закажавме стартот на тренинзите во новата 2019 година. На сите наши членови и симпатизери им посакуваме среќна Нова година.“  

Во Новата 2019 година, клубот очекува нови предизвици и успеси. Овој клуб до сега успешно ја поттикна љубовта кон овој спорт, а оедно придонесе кон развој на здрави навики кај младите генерации. Клубот гледа голем потенцијал во новите членови. Со нови сили во нови победи. Среќни празници.

Сподели ја веста

Последни содржини