Денес започнува првиот уписен рок на факултетите

Објавено: 29 август 2019 - 08:19

Денеска започнува првиот уписен рок за додипломски студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје за учебната 2019/2020 година.

Квотата за редовни студенти изнесува 5402 места, со кофинансирање може да се запишат 4273 студенти, додека вонредно може да студираат 1035, со што се комплетира бројката од 1035 места.

Како и во минатите години, надоместот што го плаќаат редовните е 200 евра, а за тие што ќе се запишат во квотата за кофинансирање или за вонредни ќе плаќаат по 400 евра.

Вториот уписен рок на УКИМ е на 12 и 13 септември, а  третиот рок на факултетите каде што ќе останат слободни места е на 25 септември.

За да конкурираат за студии, кандидатите треба да имаат положено државна матура. Критериумите и условите за упис се содржани во Конкурсот објавен на веб-страницата на УКИМ.

Согласно Законот за високото образование донесен во мај минатата година, учебната година за студентите почнува на 1 октомври

Сподели ја веста

Последни содржини