Експресно научете германски, шведски и англиски- Започнаа уписите во VER-Училиште за странски јазици

Објавено: 26 август 2019 - 15:17

Напредното познавање на втор странски јазик покрај англискиот станува се поголема потреба на модерното општество. Особено во пораст е интересот за германскиот и шведскиот јазик.

VER-Училиштето за странски јазици во Тетово, својата приказна ја започна пред една година, на 1-ви септември 2018 година.

Посветено создаваат современа образовна средина која овозможува изучувањето на странскиот јазик да стане дел од нашето секојдневие и култура.
Училиштето нуди курсеви по германски, англиски, а од оваа учебна година и шведски јазик.
Часови се динамични, интерактивни, исполнети со теми кои се интересни и сосема прилагодени за возраста на учениците.

Наставата ја следат основци, средношколци, студенти и возрасни слушатели. Групите се состојат од 5 до 12 слушатели, додека понапредните нивоа се со помал број на ученици.
За англиски јазик почнувајќи од прво одделение, додека за германски од шесто одделение.

Наставниот кадар се одликува со исклучителна стручност и посветеност на работата. Секојдневно применуваат посебни методи на предавање кои им помагаат на учениците да ги развијат сите четири јазични вештини – читање, пишување, слушање и говорење. Со примена на овие методи ги мотивираат учениците да го засакаат странскиот јазик, го поттикнуваат нивниот талент и ја ослободуваат нивната креативност.

Последната сабота од август организираат Отворен ден во училиштето каде сите заинтересирани можат да се запознаат со условите во кои се одвива наставата и да се запишат за следната наставна сесија. Но може да се запишат и во текот на учебната година, односно да се приклучат во веќе постојните групи во зависност од степенот кој сакаат да го достигнат.

Комплетното портфолио на училиштето може да го погледнете ТУКА.

За сите информации обратете се на 075/204-327 и 078/225-901.

Сподели ја веста

Последни содржини