Helen Doron Educational Group е прогласена за најдобра франшиза за едукација на деца на глобално ниво

Објавено: 13 март 2019 - 10:26

Франшизата Helen Doron Educational Group е прогласена за најдобра франшиза за едукација на деца на глобално ниво од  престижниот Global Franchise Magazine,  а со тоа се препознава како докажан светски бренд кој е лидер во детската едукација. Лично на г-ѓата Хелен Дорон, која е основач и креатор на оваа успешна франшиза, и беше доделена наградата во Лас Вегас на Global Franchise Award 2019 година.

Helen Doron English постои веќе 35 години, застапена е во повеќе од 40 држави, на 4 континенти во целиот свет, со повеќе од 2 милиони едуцирани деца. Оваа франшиза нуди посебна и уникатна методологија за учење на англиски јазик и стимулација на детскиот интелектуален развој. Успехот на оваа франшиза се должи на совршено развиениот  систем на едуцирање на децата преку кој тие се стекнуваат со знаења и вештини на еден природен и спонтан начин, кој децата го обожуваат и развиваат љубов кон учењето. Важен сегмент за успехот на оваа франшиза е и одлично изградениот концепт на обуки, менторирање и подготовки на учителите кои се вклучени во целиот процес, контролата на квалитетот, унифицираните стандарди за квалитет, како и специјално дизајнираните учебни материјали за учениците и за учителите.


Овој светски познат бренд за едукација постои и успешно работи во нашата држава веќе шест години.
Франшизата Helen Doron во Македонија е застапена со 14 училишни центри на 14 локации во 8 градови низ државата. Големиот број на запишани ученици, како и бројот на задоволни ученици и родители е голем показател за успешноста на оваа франшиза и во нашата држава.
Helen Doron Македонија е една од докажаните социјално-одговорни компании која секоја година организира најразлични хуманитарни акции, но и кампањи за подигање на јавната свест во општеството за различни теми како што се: деца со посебни потреби, заштита на животните, здрава исхрана, екологија, рециклирање, читањето на книги и др.

Сподели ја веста

Последни содржини