Најавено е присуство на истражувачи и професори од Хелсинки, Единбург и Лондон кои ќе ги пренесат моделите на медиумско образование во своите држави, а ќе се дискутира и за медиумската и информациската писменост низ перспективите на УНЕСКО.

Со конференцијата завршува тригодишниот проект „Медиумска писменост во ера на наплив на информации: Коалиција за медиумска писменост" што Високата школа за новинарство и за односи со јавноста го реализираше во соработка со дневниот весник „Нова Македонија" и Институтот за различности во медиумите од Лондон. Проектот го финансира Европската Унија.

извор: МИА