Меѓународен конкурс „Влијание на конфликтот врз заедниците“ за ученици од 9 до 18 години

Интересна прилика за сите ученици од 9 до 18 години.
Учествувајте на меѓународниот конкурс поврзан со Втората светска војна и влијанието на конфликтот врз заедниците. Самостојно или во група, со есеј, говор, поема, расказ или уметничко дело, на македонски или на англиски јазик... изборот е ваш.
Бидете креативни на тема The Impact of Conflict on Communities плус „75“ во сеќавање на крајот на Втората светска војна. Искористете ја можноста светот да ги слушне и види македонските историски приказни! Краен рок за пријавување е 20 март 2020. Секој учесник добива сертификат за учество.
Повеќе инфо на https://www.neversuchinnocence.com/2019-20-competition.