На денешен ден: Најважните настани во историјата (15 јануари)

Објавено: 15 јануари 2019 - 13:23

Што се случуваше низ историјата на денешен ден? Прочитајте повеќе во оваа статија наречена "На денешен ден...".

1945 - Во Скопје почна дводневна Прва земска конференција на ветеринарните лекари во Македонија. Притоа беа формирани првите ветеринарни станици, а со тоа беа удрени темелите на ветеринарната служба во Македонија.

1945 - Во Велес без јавно судење, биле стрелани 53 затвореници од велешкиот затвор, лица за кои имало сомневање дека биле озлогласени противници на НОБ. Без заокружена истражна постапка и без јавно судење, биле групно стрелани и масакрирани, а потоа и закопани во заедничка гробница која била откриена по педесет години. Ова преставува најголем масакар врз цивили извршен од ОЗНА во ослободена Македонија.

1992 - Владата на Република Бугарија ја призна Република Македонија за суверена и независна држава. Бугарија беше првата земја што ја призна Република Македонија.

1992 - Арбитражната комисија на Европската заедница, на чело со претседателот, господин Бадинтер (Бадинтерова комисија), соопшти во својот извештај дека се исполнети сите услови за меѓународно признавање на Македонија.

2001 - Пуштена во употреба е Википедија слободна енциклопедија од страна на Џими Велс и Лери Сенгер.

1535 - Хенри VIII се прогласува себеси како главен на Црквата во Англија.

Сподели ја веста

Последни содржини