На денешен ден: Најважните настани во историјата (17 јануари)

Објавено: 17 јануари 2019 - 13:13

Историјата има чуден тек, исполнета е со контраверзни настани и извонредни личности. Што се случило на денешен ден во минатото...

1377 Грегориј XI од Авињон го врати средиштето на римокатоличките поглавари во Рим.

1562 На сила стапува едиктот од Сен Жермен со која се признати хугенотите (протестанти) во Франција.

1601 Шпанската престолнина од Мадрид е пренесена во Ваљадолид.

1773 Англискиот морепловец Џејмс Кук со бродот „Резолушн“ прв го премина јужниот поларен круг.

1912 Ескпедицијата на англискиот истражувач, поморскиот капетан Роберт Скот стигна на јужниот пол, еден месец по експедицијата на Норвежанецот Роалд Амундсен.

1919 Полскиот композитор Игнац Јан Падеревски, пијанист од светски глас, стана првиот претседател на владата на Полска, воспоставена по завршувањето на Првата светска војна.

1939 Со учество на многу жандарми и војници во Велес беа задушени тридневните демонстрации на монополските работници и на другите граѓани. Демонстрациите имаа големо економско и политичко значење во тоа време.

1945 Втора светска војна: Советските сили ја ослободуваат Варшава, главниот град на Полска

1948 Основано препријатието за јавен превоз ЈСП Скопје.

1953 Во Скопје излезе првиот број на „Стопански весник“, весник на Стопанската комора и стопанството на Македонија.

1961 По налог на Моис Чомбе, белите платеници го убија законскиот конгоански премиер Патрис Лумумба, творец на конгоанската независност и херој на „црна Африка“.

1991 Заливска војна: Рано изутрината започнува Операцијата „Пустинска бура“. Ирак лансира 8 ракети Скад погодувајќи цели во Израел.

1995 Катастрофален земјотрес го потресува градот Кобе, Јапонија, предизвикувајќи огромна материјална штета и убивајќи 6.433 лица.

1996 Во Скопје и во Атина се отворени канцелариите за врски на Република Македонија и на Република Грција.

1998 Претседателот на САД Бил Клинтон, како прв шеф на државата во американската историја, беше принуден да сведочи во своја одбрана по повод обвинувањето од страна на Пол Џонс за сексуално вознемирување.

2001 Во Скопје, во организација на телевизиската куќа БТР, излезе првиот број на весникот „Рома тајмс“, на македонски и на англиски јазик

 

Се родиле:

1504 Пиј V — римски папа.

1600 Педро Калдерон де ла Барка — шпански драматург и поет.

1706 Бенџамин Франклин — американски политичар и дипломат.

1820 Ана Бронте — британска писателка.

1863 Дејвид Лојд Џорџ — британски премиер.

1863 Константин Сергеевич Алексеев — руски режисер и глумец.

1899 Ал Капоне — американски гангстер.

1870 Глигор Соколов — деец на македонското револуцинерно движење.

1905 Гиљермо Стабиле — аргентински фудбалер.

1911 Џорџ Стиглер — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1982 година.

1913 Асен Тодоров — македонски новинар.

1923 Благој Попов — македонски академик.

1924 Благоја Талески — македонски државник.

1925 Зина Креља — македонска оперска пејачка.

1942 Мухамед Али — американски боксер, трикратен светски првак.

1946 Мето Јовановски — македонски глумец.

1949 Љубомир Груевски — македонски поет.

1949 Мик Тејлор — аглиски рок-музичар, член на групата „Ролинг стонс (Rolling Stones)“.

1955 Стив Ерл — американски рок и кантри музичар.

1956 Пол Јанг — англиски поп-пејач.

1958 Миле Исаковиќ — српски и југословенски ракометар.

1962 Џим Кери — канадски глумец.

1964 Тајс Вервест — холандскидиџеј, познат како Тиесто.

1964 Мишел Обама — сопруга на Барак Обама.

1964 Рефет Абази — македонски глумец и педагог.

1966 Љубчо Георгиевски — премиер на Република Македонија (1998-2002).

1968 Светлана Мастеркова — руска атлетичарка.

1971 Кид Рок — американски пејач.

1977 Лука Паолини — италијански велосипедист.

1982 Двејн Вејд — американски кошаркар.

1983 Алваро Арбелоа — шпански фудбалер.

1985 Себастијан Лангевелд — холандски велосипедист.

1987 Симоне Понци — италијански велосипедист.

1988 Хектор Морено — мексикански фудбалер.

 

Следниве личности починале:

395 Теодосиј I — римски цар.

1468 Скендербег — албански средновековен владетел.

1598 Фјодор I — руски цар.

1751 Томазо Албинони — италијански композитор

1864 Марко Павлов — првиот дипломиран македонски лекар.

1961 Патрис Лумумба — прв премиер на Демократска Република Конго.

1978 Атанас Далчев — бугарски поет.

1986 Станко Липша — оперски пејач.

1997 Славко Поп Антовски — македонски професор.

2010 Михалис Папаконстантину — грчки политичар.

2008 Роберт Фишер — американски шаховски велемајстор.

2009 Томислав Црнковиќ — хрватски и југословенски фудбалер.

2016 Дејл Грифин — британски рок-музичар, член на групата „Мот д хупл (Mott the Hoople)“

Сподели ја веста

Последни содржини