На денешен ден: Најважните настани во историјата (6 февруари)

Објавено: 06 февруари 2019 - 10:22

Што се случуваше низ историјата на денешен ден? Прочитајте повеќе во оваа статија наречена "На денешен ден...".

Настани кои го одбележале 6 февруари пре многу години:

1899 На Филипините избувна востание против американската окупациска армија. По американско-шпанската војна, САД ги приграбија Куба, Порторико и Филипини, што го означи крајот на шпанското колонијално царство.

1922 Во Вашингтон заврши конференцијата на претставниците на САД, Велика Британија, Франција, Италија, Белгија, Холандија, Португалија, Јапонија и Кина на која е извршена нова поделба на колонии и се одредени сферите на влијание на Далечниот Исток и Тихиот Океан. Договорот што е потпишан на конференцијата предвидуваше почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина. Истиот ден, „петмината“ (САД, Велика Британија, Јапонија, Франција и Италија) потпишаа Договор со кој се ограничува поморското вооружување на земјите потписнички.

1943 Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер е именуван за врховен командант на сојузничките сили во Северна Африка за време на Втората светска војна.

1945 Во Скопје почна со работа првата предучилишна установа „Орце Николов“.

1992 Република Турција ја призна Република Македонија.

 

На денешен ден се родени следниве славни личности:

1685 Чарлс II — крал на Англија.

1802 Чарлс Витстоун — англиски физичар, еден од пионерите на телеграфијата.

1895 Бејб Рут — американски играч на безбол.

1908 Ташо Ајановски — македонски деец.

1912 Ева Браун — сопруга на Адолф Хитлер.

1917 За За Габор — американска глумица со унгарско потекло.

1911 Роналд Реган — американски политичар и државник.

1932 Франсоа Трифо — француски филмски режисер.

1931 Анѓелко Вулетиќ — хрватски и босански поет.

1945 Боб Марли — јамајски реге-пејач.

1950 Натали Коул — американска пејачка.

1953 Зоран Филиповиќ — српски и југословенски фудбалер и тренер.

1956 Стефан Мицов — универзитетски професор и писател од Бугарија.

1962 Аксел Роуз — американски рок-пејач, член на групата „Ганс енд розис“.

1990 Татјана Хмирова — руска ракометарка.

Починале:

893 Фотиј I — цариградски патријарх.

1664 Мустафа II — отомански султан.

1740 Климент XII — римски папа.

1793 Ланселот „Кејпабилити“ Браун — англиски пејзажен архитект.

1793 Карло Голдони — италијански комедиограф.

1804 Џозеф Пристли — англиски материјалистички филозоф, физичар и хемичар.

1893 Григор Прличев — македонски писател.

1902 Васил К’нчов — географ, историчар и политичар од Бугарија.

1918 Густав Климт — австриски сликар.

1952 Џорџ VI — британски крал.

1981 Фредерика — кралица на Грција.

1998 Јохан Холзек - Фалко — австриски поп и рап пејач.

2011 Гари Мур — северноирски рок-гитарист.

2016 Данило Николиќ — српски писател.

Сподели ја веста

Последни содржини