Објавен е конкурсот за запишување на прв циклус студии на УКИМ и УГД

Објавено: 16 јули 2019 - 14:31

Објавен е конкурсот за запишување на прв циклус студии на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и Универззитетот ,,Гоце Делчев“ во Штип.

Објавен е конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопј. Во учебната 2019/2020 година може да се запишат вкупно 10.665 студенти.

Линк до конкурсот на УКИМ.

Додека на Универззитетот ,,Гоце Делчев“ во Штип, оваа година има вкупно 4404 слободни места на сите факултети и студиски програми во рамките на Универзитетот. За редовни студенти во државната квота има 2675 слободни места, во квотата за кофинансирање 969 и во квотата за вонредни студенти 760 студенти.
Пријавувањето во првиот уписен рок на Универзитетот во Штип за идните студенти се 26, 27, 29, 30 август и 2 септември.

Линк до конкурсот на УГД.

Сподели ја веста

Последни содржини