ОК Те-Волеј: Учиме здрави навики

Објавено: 02 декември 2018 - 12:42

Едукацијата на младите е подеднакво важна како и тренирањето, па затоа овој пат младите одбојкари и одбојкарки на Те-Волеј имаа прилика да присуствуваат на едукативниот час и од стручни лица да научат повеќе за здравите навики.

На гости кај одбојкарскиот клуб Те-Волеј беа стоматологот д-р Јулијана Рафајловска Дабевска и д-р Марија Евческа, доктор по општа медицина.

На предавањето младите научија како правилно се одржува хигиената на усната шуплина, како правилно се четкаат забите, каков тип на четка да изберат, а научија и многу околу тоа како треба да изгледаат оброците на спортистите.  Здравата исхрана е од особена важност за правилниот психофизички развој на сите кои сакаат да тренираат одбојка, па докторките ги советуваа да ги избегнуваат слатките и газираните сокови и да внесуваат повеќе природни и здрави состојки.

Одбојкарскиот клуб Те-Волеј и понатаму ќе се труди да внесува многу новитети во тренинзите и да вклучува што повеќе професионалци од различни сфери на општеството, се со цел на дечињата да им овозможат целосно доживување и максимални придобивки од одбојката како спорт. 

 

 

 

Сподели ја веста

Последни содржини