Почна состанокот помеѓу Путин и Трамп во Осака

Во тек е билатералниот состанок помеѓу рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп во Осака, каде се одржува самитот Г20.
Како што пренесе агенцијата „ТАСС“, се очекува состанокот да трае од час до час и половина.
Трамп на почетокот на состанокот рече дека планира да разговара за прашањата за трговијата и разоружувањето со Путин.
Од друга страна, рускиот претседател изрази верување оти состанокот со Трамп е добра можност да продолжи дијалогот откако давјцата последен пат се состанаа на самитот во Хелсинки минатата година.
Од тогаш двајцата претседатели имаа остварено еден телефонски разговор, во мај годинава.