Промоција на „Концепт мама” – првата македонска книга дневник за родителството

Објавено: 02 Октомври 2018 - 08:50

Денеска во НЛБ Галерија, со почеток во 19 часот, ќе бидат промовирани двете книги „Концепт мама” и „Концепт мама дневник” на Александра Шекутковска Докоска.

Книгата „Концепт мама”, како што се наведува во соопштението, е првата македонска сѐ-во-едно книга и дневник за родителството. Докоска во книгата користела комбиниран жанр од дневник и прирачник, обединувајќи го личното искуство со стручни сознанија и практични совети.

„Низ своите размислувања и истражувања таа опфаќа сѐ што би им било неопходно на современите родители. Изборот на теми е според најсовремените препораки и трендови и претставува моќна алатка за самоподдршка, конструирање на сеопфатен и балансиран пристап и градење самодоверба во себе како родител“, се наведува во соопштението.

Сподели ја веста

Последни содржини