САЕМ ЗА КАРИЕРА И ВРАБОТУВАЊЕ- Најголемите компании на едно место

Објавено: 16 Октомври 2019 - 15:26

Агенција за млади и спорт втора година по ред го организира Саемот за кариера и вработување кој ќе се одржи на 22-ри октомври, на платото на УКИМ, со почеток од 11 часот.

„Преку овој настан сакаме да ги поврземе компаниите и младите, кои бараат пракса, вработување, кариерно насочување, преквалификање и доусовршување. На саемот учествуваат компании од различни сектори кои се атрактивни за младите, а исто така учествуваат и институции, младински организации и агенции за вработување. Саемот на кариера и вработување е платформа за вмрежување на младите со успешни компании и отвaра нови можности за напредок и развој.“- изјави Ана Манасиева, претставник на Агенцијата за млади и спорт.

Често е пракса младите студенти токму преку ваков вид на настани да стапат во директна комуникација со компаниите непосредно по саемот или пак, во првата наредна прилика кога имаат потреба од вработување. 

 

Ги советуваме студентите задолжително да го посетат овој настан, да подготват квалитетно CV, портфолио на изработки или пак препораки од реализирани пракси. Да поминат што повеќе време на штандовите и да комуницираат со сите претставници, бидејќи никогаш не се знае кога ќе им се укаже добра прилика.

Од агенцијата ни открија само дел од компаниите кои ќе учествуваат, а меѓу нив се Алкалоид, Рептил, Пелистерка, Зегин, Цементарница Усје, Тинекс, Рамстор и др.

Сподели ја веста

Последни содржини