Сарџоски на BETT2019 во Лондон

Објавено: 24 јануари 2019 - 13:16

Перо Сарџоски, основачот на Pegasus ELS- Tетово, деновиве присуствува на Бетт семинарот во Лондон, каде е претставник на Едмондо.

На овој семинар Сарџоски образложи како намалувањето на користењето харија во училиштата помага во зачувувањето на планетата.
Со дигиталната алатка Едмондо едукаторите сега можат да развиваат решенија без употреба на хартија во училниците а исто така и да го исполнат она што Обединетите Нации го промовираат за одржлив развој.

"Стигнавме до Лондон за да говориме за загадувањето. Намалете со хартијата!" - порача Перо од Лондон.

Bett 2019 е прво индустријално шоу за едукативна технологија, кое на едно место ги собира најдобрите компании и новите стартап бизниси за глобално образование од 130 земји. Настанот е посветен на иновации и дискусија за понатамошниот развој на образвонието, како и улогата на технологија во едукативниот процес која им овозможува на учителите и учениците повигорозен развој.

 

Сподели ја веста

Последни содржини