Темната страна на бајките на браќата Грим

Објавено: 26 февруари 2019 - 15:27

Разгледајте ги шестте злобни теми во нивните дела кои нема да ги најдете во современите приказни за деца.

Предбрачен секс

Во оригиналната верзија на „Рапунзел“, објавена во 1812 година, принцот го забременува главниот лик откако двајцата поминуваат многу денови заедно во „радост и задоволство“. „Ханс Думер“ пак, е приказна за човек кој забременува принцеза по своја желба, а во "Кралот Жаба" принцезата ја поминува ноќта со нејзиниот додворувач откако ќе се претвори во убав ерген. Грим ги одзеде секс сцените од подоцнежните верзии на „Рапунзел“ и „Кралот Жаба“, и целосно го елиминира „Ханс Думер“.

Но, според психоаналитичарите, скриените сексуални инсинуации во „Бајките на браќата Грим“ останале, вклучувајќи ги и Сигмунд Фројд и Ерих Фром, кои ги истражувале книгите во 20-от век.

Насилство

Иако браќата Грим го тргнале сексот во подоцнежните изданија на нивната работа, тие всушност го зголемиле насилството. Особено ужасен инцидент се случува во „Младоженецот арамија“ кога некои бандити влечат девица во подземното скривалиште, ја принудуваат да пие вино додека срцето не и пукне, и ја откинуваат облеката и потоа го масакрираат нејзиното тело на парчиња. Другите приказни имаат слични крвави епизоди. Во „Пепелашка“ злите сестри ги отсекуваат прстите и потпетиците обидувајќи се да ги соберат стапалата во чевелот и подоцна гулаби им ги копаат очите; во "Шест лебеди" златната свекрва е запалена на клада; во "Гуската слугинка" лажната невеста се соблекува гола, фрлена во буре исполнето со нокти и е тркалана низ улиците; Во „Снежана“ злобната кралица умира откако е принудена да танцува во вжештени железни чевли. Дури и љубовните приказни содржат насилство. Принцезата во "Кралот Жаба" го претвора нејзиниот амфибиски придружник во човек, не со бакнување, туку со удирање во ѕид.

Злоупотреба на деца

Уште по шокантно, голем дел од насилството во „Бајките на браќата Грим" е насочено кон децата. Снежана има само 7 години кога ловецот ја зема во шумата со наредби да и ги извади црниот дроб и белите дробови. Во „Џунипер дрвото“ една жена го обезглавува својот посинок додека се наведнува да земе јаболко. Потоа го делка неговото тело, го готви во чорба и му служи на нејзиниот сопруг кој ужива во оброкот толку многу што бара уште еден. Снежана на крајот се спасува, како и момчето во "Џуниперското дрво", кое се враќа во живот. Но, не секое дете во книгите на браќата Грим завршува среќно. Главниот лик во „Frau Trude“ претвора непослушна девојка во кубик дрва и ја фрли во оган. И во „Упорното дете“ умира младо момче откако Бог му дозволува да се разболе.

Инцест

Во „Сите видови на крзно“, кралот и ветува на својата жена која умира дека ќе се премажи доколку новата жена е убава исто како неа. За жал, ниту една таква жена не постои во целиот свет освен неговата ќерка, која се спасува од неговите канџи бегајќи во дивината. 

Злобни мајки
Злобни маќеи се доста присутни во бајките, но Браќата Грим први вклучуваат и злобни биолошки мајки. Во верзијата „Ивица и Марица“ во 1812 година, сопругата го убедува нејзиниот сопруг да ги остави своите деца во шумата, бидејќи немаат доволно храна за да ги прехранат. Снежана, исто така, има злобна мајка, која на почетокот ја сака, но потоа се разлутува од убавината на нејзината ќерка. Браќата Грим ги претворија двата лика во маќеа во последователните изданија, а мајките во суштина останаа надвор од приказните.

Кога Јакоб и Вилхелм Грим го објавиле првото издание од нивната збирка на бајки, кои тогаш се нарекувале и "Семејни бајки и бајки за деца" ("Kinder- und Hausmärchen"), не ни сонувале дека овие 86 приказни ќе привлечат толку широка читателска публика.

Втората книга од 70 бајки следела во 1815-тата година, а во текот на следните 40 години биле објавени уште шест изданија, од кои секое претрпело одредени измени.

Сподели ја веста

Последни содржини