Училишен прибор за старт на новата сезона- Акција на ОК "ТЕ-ВОЛЕЈ"

Објавено: 26 септември 2018 - 14:22

За да ги воведат децата во нова, возбудлива и здрава авантура, на почетокот на новата сезона, одбојкарскиот клуб „ТЕ-Волеј“ за уште поголем поттик им подари училишен прибор на своите членови. 

За поголема мотивација при учењето и задржување на здравите навики, од клубот ја организираа оваа акција, а се подновија и со нова опрема од нивните спонзори. 

"Младите мора да бидат вредни и посветени, да учат и навреме да ги завршуваат сите обврски, бидејќи само така може да израснат во здрави и продуктивни членови на општеството."- им порачаа од клубот. Внимание обрнаа и на значењето на спортот за младите и потребата од физичка активност за правилен развој.

 

Со крајот на летото и почетокот на есента на телото му е потребен подобар и појак имунитетет.
Модерното време и технологија на многу начини ни го поборуваат и олеснуваат животот, но за жал истите не прават и се повеќе мрзливи, не тераат се повеќе да сме во седечка положба и да немаме никаква физичка активност преку целиот ден. Сето ова се одразува и на начинот на живот на најмладите. 

За да се промени целата слика и начин на живот не се потребни чуда, туку само неколку чекори кои ќе внесат свежина, динамика и здравје во животот на најмладите. Затоа најдобро децата да ги научиме да спортуваат, барем по 1 час во текот на денот.

Одбојкарскиот клуб „ТЕ-Волеј“ ви нуди целосна програма за одличен психовизички развој на вашето дете, а веќе годишните уписи кај нив се почнати.

Во најопремена спортска сала во склоп на Средното Текстилно училиште, покрај сите елементи на одбојката младите ќе научат многу други животни и социјални вештини како:

  • Примена на здрави навики и хигиена,
  • Правилен режим на исхрана,
  • Развивање на социјална љубов и толеранција ,
  • Учење на сите елементи и убавини на одбојката.

Затоа да ги оттргнеме младите од пороците на модерното време и да овозможиме спортот и другарството да ги обликуваат во здрави и успешни луѓе.

Контакт:

  •  075 471 629 - Виолета Зафировска
  •  076 421 114 - Слободан Зафировски

Сподели ја веста

Последни содржини