Агенцијата за разузнавање платила 12.000 евра телефонските сметки на Иванови

Објавено: 20 февруари 2020 - 12:33

Агенцијата за разузнавањето им ги плаќала сметките на поранешниот претседател Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја Иванова заради безбедносни причини, тврди поранешниот директор на АР и сегашен министер за внатрешни работи Наќе Чулев.

Покрај редовните, и претседателот и неговата сопруга, имале и службени телефони преку агенцијата, а станува збор за период од 5 - 6 години, во износ од 12.000 евра. 

„Сумата не е голема, бидејќи станува збор за повеќе години, а целта беше од безбедносни причини“, изјави денеска Наќе Чулев.

Сподели ја веста

Последни содржини