Без право на апанажа, Јанева ќе изгуби 840.000 денари

Објавено: 02 декември 2019 - 13:35

Доколку Комисијата и Собранието не одобрат апанажа тоа ќе значи дека Јанева месечно ќе изгуби по околу 70.000 денари или 840.000 денари годишно.

Собранието нема да ѝ одобри апанажа на екс шефицата на СЈО и обвинета во случајот „Рекет“ Катица Јанева, потврдуваат за Плусинфо и од мнозинството и од опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Илија Димовски претседател на Комисијата за прашања на изборите и именувањата вели дека предлогот за барањето на Јанева да ѝ се одобри апанажа многи скоро ќе биде ставено на  комисиска расправа и дека ќе предложи членовите на Комисијата да се изјаснат негативно. Јанева преку својата адвокатка Ирена Фрчкоска пред повеќе од еден месец до Собранието доставила барање за апанажа.

Димовски барањето на Јанева за апанажа ќе го стави на нова седница на Комисијата. Со тоа апанажата на Јанева нема да оди на седницата за избор на државен ревизор за да не заглави.  Станува збор за едногодишна исплата којашто им се дава на службениците по истекот на нивниот мандат. Барање за надоместок од државата Јанева го поднела како поранешен именуван функционер.

Според законот за плати и надоместоци на избрани и именувани функционери, за остварување на правото на апанажа, потребно е функционерот да е невработен, а барањето да го испрати до собраниската архива еден месец пред истек на мандатот.

Сподели ја веста

Последни содржини