Богдановиќ: Да земам да се самозапалам за да реагира некој

Објавено: 15 November 2019 - 13:56

Првиот човек на Општина Центар, Саша Богдановиќ ги демантира тврдењата на Обвинителството дека Општина Центар не доставила доволно документи за случајот катна гаража на „Никофон“.

„Нека ни каже Обвинителството дале сме во право за да знаеме како понатаму да постапиме. Не знам што уште треба да направам за да отворат предмет. Да земам да се самозапалам за да реагира некој“, рече Богдановиќ кој денес јавно покажуваше документи за официјалните преписки на Општина Центар со Обвинителството во 2015,2016 и 2019 година

Тој вели дека токму Правилникот за формирање на цената на јавното наддавање кој им е доставен на Обвинителството е доказ дека е извршена злоупотреба на службена должност и оштетен буџетот на Општината. Според Правилникот за утврдување на висината на цената на градежно земјиште при компатибилна намена таа треба да е 70 отсто од цената за изградба на катна гаража која е 6.000 денари и 30 отсто од цената за деловен простор која е 5.000 денари. Според тоа како што вели Богдановиќ почетната цена на јавното наддавање требала да биде 5.600 денари, а не 1.850 денари

Богдановиќ истакна дека останува отворен за разговори со инвеститорот сопственикот на фирмата „Никофон“ Никола Настески, за спогодбено раскинување на договорот.

Сподели ја веста

Последни содржини