Еве кои се петте пратеници кои не гласаа на првото гласање за Законот за ЈО

Објавено: 17 февруари 2020 - 08:20

Долгоочекуваното гласање за Законот за Јавно обвинителство го доби својот епилог.

Во напната атмосфера и со повторено гласање, Собранието го донесе Законот кој неформално, е услов за добивање на датум за почеток на преговори со Европската Унија.

Беше донесен од втор пат, откако првично “ЗА” гласаа 74 пратеници. Образложението на собранискиот спикер беше дека на дел од пратениците не им било регистрирано гласањето.

Повторениот обид покажа дека е обезбедено двотретинско мнозинство, а шест пратеници гласаа против

Џеват Адеми, Али Ахмети, Лилјана Поповска, Самка Ибраимовски и Амди Бајрам се петте пратеници кои не гласаа на првото гласање на Законот за ЈО, а Мерал Узеири Ферати воопшто не била присутна според официјалниот листинг од гласањето во Собранието. 

На последниот работен ден, пратениците го донесоа и Законот за Совет за јавни обвинители, но опозицијата и него го оспори, откако според нив, за него треба бадентерово мнозинство.

Од Кабинетот на Џафери, пак, велат дека Законот се носи со обично мнозинство, бидејќи Уставот и Деловникот за неговото носење не предвидуваат посебно гласање.

Сподели ја веста

Последни содржини