Ѓорчев или Силјановска Давкова? Главните фаворити за партиската кандидатура на ДПМНЕ

Објавено: 07 февруари 2019 - 11:36

Во ВМРО-ДПМНЕ главни фаворити за партиска кандидатура се професорката Гордана Силјановска Давкова и пратеникот Владимир Ѓорчев. 

Професорката Гордана Силјановска Давкова од Ѓорче Петров ја почна внатрепартиската кампања за претседателски кандидат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

Пред насобраните членови и симпатизери во Општинскиот комитет во Ѓорче Петров, таа ги презентираше својот план и визија.

- „Сакам да ги убедам и нив, како и сите граѓани дека натпартиски кандидат е одлична идеја, која ќе делува обединувачки за сите“, одговара Силјановска на прашањата на „Независен весник“.

Силјановска има само пофални зборови за нејзините противкандидати во ВМРО-ДПМНЕ.

- „Визијата и програмата ќе ја темелам на нешто што досега го немало, на нешта што се однесуваат не само на статусот на претседателот и на надлежностите што ги има, туку на поделбите на власта воопшто, која е страшно нарушена во моментов. Без поделба на власт не може да има демократија, нема кочници, не може да има ни правна држава. Тоа кај нас го нема. Претседателот е целосно суспендиран во одлучувањето, дури и во надлежностите што се исклучиво загарантирани за него во меѓународната политика“, потенцира Силјановска.

Влатко Ѓорчев, кој беше во САД бидејќи беше поканет да присуствува на традиционалниот појадок во Вашингтон со американскиот претседател, се сретна со Сара Сандерс, портпаролка на Доналд Трамп.

„Денес имав можност да се сретнам со Сара Хакаби Сандерс, портпаролка на Белата куќа на претседателот на САД, Доналд Трамп.За Македонија е важно да има отворени врати во Вашингтон. Секое пријателство и средба е можност да се кажат македонските аргументи. Македонија мора да гради силни сојузништва. На тој начин ги подобруваме позициите на Македонија“, напиша Ѓорчев пред некој ден на својот профил на Фејсбук.

За победа на претседателски избори, особено ако има втор круг покрај исполнување на високиот цензус, потребна е и поддршка од албанското гласачко тело кое се покажа како решавачко во последните избори за претседател. Може ли ВМРО-ДПМНЕ, со овие понудени кандидати да освои гласови на етничките Албанци и да најде соодветен коалициски партнер кој би бил пресуден напролет?

Сподели ја веста

Последни содржини