Кои се играчите на Орбан и колку пари имаат вложено во вмровски медиуми?

Објавено: 24 февруари 2020 - 08:22

За помалку од една година, унгарските претприемачи станаа официјални сопственици на повеќе од десет електронски, печатени и мрежни медиуми во Македонија.

Питер Шатц започна со купување, а од 2018 година Агнес Адамик го водеше бизнисот. Унгарските пари за овие проекти постојано доаѓаа од Словенија – преку сметки во банка „Уникредит“ што ги отворија Шац и Адамик во Љубљана.

Како главен играч во скандалот со црните пари од Унгарија, а користени за македонски медиуми, може да се посочи Петер Шац од Будимпешта. Пред две и пол години неговото име се појави во Централниот регистар на компании, како еден од сопствениците на телевизија Алфа. Неговото преземање на телевизијата коинцидира со периодот кога Зоран Заев ја формираше Владата, кон средината на 2017-та. Како втор сопственик се појавува името на анонимниот српски државјанин Горан Балаќ од Земун, со што се воспоставува унгарско-српско-македонската релација.

Петер Шац е сопственик на компанијата „Рипост“, претставник на унгарскиот капитал во три медиуми во Словенија, вреден два милиона евра. Фирмата е регистрирана во Љубљана, а медиумите кои ги контролира овој медиумски играч од Будимпешта имаат десно ориентирана уредувачка политика и известуваат во корист на Јанез Јанша, иста како таа на ТВ Алфа во Скопје, и на порталите Курир, Лидер и Нетпрес, кои се споменуваат во фокусот на аферата со црни унгарско-руски пари.

Како се поврзани споменатата телевизија, интернет порталите и унгарските пари? Не цела година откако Петер Шац станува сопственик на ТВ Алфа, името на неговата компанија, во малку изменета форма „Рипостарт“, се појави како маркетинг огласувач на Курир, Нетпрес, Република, Лидер и Алфа. Тогаш се отворија прашања дали истиот унгарски сопственик започнал да ги финансира и порталите, а со тоа да ѝ помогне на ВМРО-ДПМНЕ во медиумската кампања против европските политики на СДСМ. Токму тоа го наведуваат новинарите од Словенија, од порталот „Нецензурирано“ кои пред десетина дена ја обелоденија аферата со црните пари трошени во медиуми – дека вмровските медиуми во Скопје имале задача да го поткопуваат Преспанскиот договор и да дејствуваат против членството во НАТО.

Постои уште еден факт. По влегувањето на Шац во државата, наведените медиуми продолжуваат да бидат силна пропаганда на Груевски, а потоа и на Мицкоски, и да промовираат усогласена уредувачка политика. Во 2018 година, 2,5 милиони евра од Унгарија се депонирани во Македонија преку сметка во „Уникредит Словенија“ од Петер Шац – напишаа словенечките новинари повикувајќи се на банкарски податоци.

Целиот текст прочитајте го ТУКА

Сподели ја веста

Последни содржини