Кризата се продлабочува: Можно ли е одложување на изборите?

Објавено: 14 февруари 2020 - 08:38

Дали политичката драма е пред ескалација? Ова прашање се поставува откако доцна синоќа преку социјалните мрежи генералниот секретар на СДСМ, но и пратеникот Зекири напишаа збунувачки статуси пред да почне собраниската седница.

Додека Љупчо Николовски пишува дека е можно формирање на ново арламентарно мнозинство и одење на редовни избори, Мухамед Зекири обвинува дека ДУИ и ВМРО ДПМНЕ ја обновиле, како што вели криминалната коалиција.

 „Ако се оневозможи гласање на важните закони постои реална можност да направиме ново парламентарно мнозинство и нова стабилна влада!“ , пишиува Николовски.

Зекири пак наведува дека собранискиот спикер Талат Џафери и ДУИ уште еднаш си гопокажале вистинското лице со побратимите од ВМРО ДПМНЕ со тоа што ја обновиле коалицијата.

По нив Фејсбук статус испрати и Артан Груби пак , кој децидно порачува дека ДУИ ги поддржува законите за јавно обвинителство, совет на јавни обвинители, за одбрана, изборниот законик со корекција на изборните единици како и Преспанскиот, Охридскиот и добрососедскиот договор.

„Ние сме убедени дека законите и одлуките ќе се донесат пред распуштање на Собранието“, додава Груби.

Од друга страна собранискиот спикер, пред да ја одложи седницата која тукушто почна, рече дека тој не користи социјални мрежи како Фејсбук за да комуницира, и уати повик за лидерска средба меѓу политичките партии, за да се утврди дали на 12 април ќе се одржат изборите.

Дали предвремените избори ќе бидат доведени во прашање, е неизвесно. Што ќе се случува и што значат погоре упатените пораки од коалиционите партнери останува да видиме деновиве.

Сподели ја веста

Последни содржини