Мухамед Зекири и Бисера Јордановска добија ќерка

Објавено: 24 февруари 2020 - 11:06

Потпретседателот на СДСМ, пратеникот Мухамед Зеќири предмалку на својот Фејсбук профил објави дека утрово му се родила ќерка од бракот со втората сопруга Бисера.

Благодарни сме Господе што на овој ден, 24.02.2020, нè израдува со ќеркичка. На овој свет денеска дојде Далиа Нани Зеќири, 50 см и 3.280 г.
Бескрајно благодарни сме Господе што го израдува нашето семејство. Се молиме Господе оваа радост која ние ја почувствувавме денеска, да ја почувствуваат и сите оние парови кои посакуваат да имаат деца!!! Амин “, објави Мухамед Зекири, поранешен новинар и пратеник и потпретседател на СДСМ.

Тој неодамна стапи во брак со сопругата Бисера а кум му беше лидерот на СДСМ и тогашен премиер Зоран Заев. Мухамед од првиот брак има две ќерки а Бисера син од првиот брак.

 

 

Сподели ја веста

Последни содржини