Почина поранешниот француски претседател Жак Ширак

Објавено: 26 септември 2019 - 13:07

На 87 годишна возраст во Париз почина поранешниот француски претседател Жак Ширак. Веста за смртта ја објави неговиот зет, пренесува новинарската агенција „Ројтерс“. 

Ширак беше претседател на Франција во два мандата, од 1995 година до 2002 година и од 2002 година до 2007 година. Претходно извршуваше и премиерска функција, а беше и градоначалник на Париз. 

Во претседателската фотелја седна како наследник на Франсоа Митеран, а на негово место дојде Никола Саркози. На 15 декември во 2011 година беше осуден на двегодишна условна затворска казна поради злоупотреба на државните фондови и судир на интереси додека беше на чело на француската престолнина. 

„Би-Би-Си“ во веста за смртта на Ширак наведува дека последните години од неговото владеење биле одбележани со корупциски скандали. Како една од поважните реформи што го спроведе е кратењето на претседателскиот мандат од седум на пет години.           

Сподели ја веста

Последни содржини