При претрес во домот на Ременски пронајдени доверливи документи

Објавено: 15 November 2019 - 08:26

Обвинителството за организиран криминал ги потврди информациите на МКД.мк дека при претресот во куќата на осомничената пратеничка на СДСМ Фросина Ременски за новата истрага за случајот Рекет се најдени доверливи документи. Новата истрага за случајот Рекет се води за невладината организација Меѓународен сојуз на Бојан Јовановски, чиј почесен претседател беше Фросина Ременски.

„При претрес на домот на осомниченото лице се пронајдени документи и за нив се известени институциите од каде што потекнуваат документите и кои се надлежни за преземање на понатамошна постапка. Документите што ги наведувате во вашето прашање не се пронајдени при претресот“, се вели во одговорот на Јавното обвинителство.

Според неофицијалните информации на МКД во домот на семејството Ременски биле пронајдени доверливи документи од случаите „Монструм“, „Диво Насеље“ и преписки на поранешните први луѓе на Управата за безбедност и контраразузнавање во МВР. Обвинителството ги демантира овие информации.

Сопругот на осомничената Ременски, Јовче Ременски, беше помошник директор во Управата за безбедност и контраразузнавање.

Сподели ја веста

Последни содржини