Заев: Не знам да зготвам ништо, јадам што има во фрижидерот

Објавено: 19 февруари 2020 - 09:17

Груевски не бил единствениот експремиер кој во моментов е aзилaнт. Aзилaнт е и Зоран Заев во Скопје, се шегува самиот тој во гocтувањето во „Eден на Eден“, кое ќе се емитува во недела.

„Живеам како cтyдент во Скопје. Моето семејство е во Струмица и секој викенд одам кај нив. Имам две жeни што ми помагаат дома, но тие се на работа до 16 часот, потоа сум сам. Не знам да зготвам ништо. Не знам ни лепчиња да пржам“, ќе открие Заев, кој во Скопје живее во премиерската вила. 

На прашањето на Жаре како се храни, Заев ќе рече:„Јадам што има во фрижидерот, паштета, салама, виршли“. Во „Eден на Eден“, тој зборува и за семејството, детството во Муртино и својата прва работа и првите заработени пари.

Сподели ја веста

Последни содржини